Ердоган бара да се стави крај на војната во Украина: Нема губитници во праведен мир!

Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган повика на интензивирање на напорите за ставање крај на војната во Украина, додавајќи дека „нема губитници“ во праведен мир.

Ердоган рече дека Турција се обидува да води „врамнотежена политика“ поради нејзината голема зависност од рускиот увоз на енергија.

Турција ја снабдува Украина со вооружени дронови и друго оружје, но Ердоган ужива и блиски работни односи со рускиот претседател Владимир Путин, оценуваат западните медиуми.

„Треба да ги засилиме нашите дипломатски напори за да постигнеме трајно примирје“ – изјави Ердоган на крајот од самитот на НАТО.

На состанокот во Мадрид, воената алијанса предводена од САД официјално ги покани Финска и Шведска да се приклучат на блокот.

Ердоган предупреди дека спроведувањето на договорот од 10 точки од страна на Шведска и Финска ќе одреди дали тој ќе ја проследи нивната апликација за ратификација до турскиот парламент.

„Доколку ги исполнат обврските, ќе го испратиме во парламентот, ако не ги исполнат, за тоа нема да стане ни збор“ – потенцираше турскиот претседател.