Безживотно тело на женско лице синоќа било пронајдено во стан на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид.
Непотврдени официјални информации се дека се работи за извесна М.М. поранешна припадничка на полицијата, на која пред 4 години и бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини на социјалните мрежи.
Причините за настапувањето на смртта односно околностите во врска случајот ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен уште вчера.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.