Експлозија урна зграда во Белгија – се трага по исчезнати

Во белгиската општина Турнаут утрово се случила експлозија во зграда поради што делумно бил урна објектот. Претпоставките се дека експлозијата настанала поради дефект на инсталацијата за гас.

Спасувачите од под урнатините извлекле еден жив станар, но сè уште е непознато дали има жртви. Повеќемина се водат како исчезнати.

Експлозијата предизвикала голема материјална штета и на околните згради.