Економистите бараат од владата конкретни мерки за надминување на енергетската криза

Оттаму очекуваат дека инфлацијата во земјава годинава да биде 12,1 отсто, наредната да се преполови, а во 2024 година инфлацијата да се спушти на 3 отсто. Економистите предупредуваат дека Македонија ќе влезе во стагфлација ако нема капитални инвестиции.

„Подобро менаџирање на јавните пари, ние ако не ги менаџираме добро парите, значи да бидеме штедливи во оваа стиација, а од друга страна да имаме подобра фискална политика, односно подобра даночна политика во оваа ситуација, а со тоа понатаму да можеме да го намалиме и јавниот долг, односно парите кои би требало да ги позајмиме од другите институции, добро да се менаџираат и инвестираат во прокети кои во иднина би дале добри резултати.“-Абил Бауш, економски аналитичар.

Економистите ѝ порачуваат на Владата да даде конкретни мерки за надминување на енергетската криза. Од друга страна, не очекуваат вистински мерки кои кои ќе им помогнат на граѓаните и фирмите, бидејќи се доцни и со набавување на електрична енергија и со евентуални мерки за помали сметки.

„Стабилноста во снабдувањето и квалитетот на снабдувањето мора да бидат секогаш во преден план. Фак е дека на странските пазари цените на енергенсите се движат забрзано нагоре. Оттука како приоритет се наметнува потребата да се одговори со сите домашни капацитети и можности, за да се обезбеди колку е можно поевтина струја за стопанството и за граѓаните.“-Зоран Ивановски, универзитетски професор.

„Сега сме во некоја панична ситуација, а во панични ситуации се знае да се преземат многу брзи мерки, а во многу ситуации да се греши. Мислам дека треба да ладно да се размислува, размислувањето на Владата да биде порационално“-Абил Башу, економски аналитичар.

Според економистите, државата треба повеќе да ивестира во обновливи извори на енергија, бидејќи земјава има капацитети за производство на струја од сончева енергија и од ветерници.