Еди Рама по трагедијата на Косово: Животи одземени од куршуми на дивјаштвото
Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше за трагичниот настан што синоќа се случи кај Дечани, на Косово кога вооружени лица со калашњикови пукале во автобус кој превезувал ученици. Во инцидентот на самото место починал возачот а двајца ученици на 17 и 18 години им подлегнаlе на повредите во болница.
Рама пишува дека животите одземени на Косово со „куршумите на дивјаштвото, кое заслужува екстремна казна на правдата, сите не загрижи“.
„Животите одземени во Косово со куршумите на дивјаштвото кое заслужува екстремна казна на правдата, не загрижија сите. Братско сочувство до семејствата погодени во срцата од апсурдната загуба. Поддршка за косовските институции во овој предизвикувачки момент“, напиша Рама.
Сочувство за жртвите на Косово стигна и од албанскиот претседател Илир Мета.
-Целосно трогнат од овој криминален акт во Глоѓан кај Дечани, во кој според првичните информации животот го изгубија три лица од нив двајца ученици. Изразувам длабоко и искрено сочувство и целосна солидарност на семејствата на жртвите, делејќи ја со нив големата болка, напиша Мета на Фејсбук.