Еден од петмината загинати во експлозијата во Словенија е македонски државјанин

Еден од петмината загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје е државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

Полициската управа на Љубљана соопшти дека останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци“.

Експлозијата во гратчето Кочевје се случи вчера околу 8.30 часот, во фабриката „Меламин“ каде има 200 работници.

Произведуваат хемикалија наменета за покривање на подови и мебел.