Евростат: Европската економија крахираше во четвртиот квартал од 2021-ва
„Економската активност во ЕУ и еврозоната нагло забави во четвртиот квартал од 2021 година, пред се, како одраз на слабеењето на повеќето водечки економии поради ширењето на сојот омикрон“. Ова денеска го покажал најновиот извештај на Евростат.
Информираат дека сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на ЕУ во четвртиот квартал порасна за само 0,4 отсто во однос на претходните три месеца, кога имало раст од 2,2 отсто, покажува прелиминарната проценка на Европскиот завод за статистика.
БДП на еврозоната, исто така, забележа благ раст во последниот квартал од 2021 година, за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал кога порасна за 2,3 отсто.
Во споредба со истиот квартал претходната година, сезонски прилагодениот БДП на ЕУ порасна за 4,8 отсто, по растот од 4,1 отсто во периодот јули-септември.
Во еврозоната порасна за 4,6 отсто, по растот од 3,9 отсто во претходниот квартал.
Во 2021 година, активностите во двете области се зголемија за 5,2 отсто.
Меѓу земјите чии податоци беа достапни,на квартална основа на крајот на минатата година најмногу порасна шпанската економија и тоа за два отсто. Следуваат Португалија и Шведска.
Според Евростат, на годишно ниво сите земји од ЕУ имаат раст на БДП, а најсилен растот е во Италија, со стапка на раст од 6,4 отсто. Потоа следуваат Шведска, Португалија…