Европскиот парламент го изгласа буџетот на ЕУ за 2022 година
Европскиот парламент го изгласа буџетот за ЕУ за 2022 година. Оттаму потврдија дека приоритети се надминување на климатската и здравствената криза, како и мерките за младите.
Европратениците со 550 гласови „за“, со 77 „против“ и со 62 „воздржани“ го усвоија буџетот на Европска Унија за идната година.
„Презедовме неколку обврски за приспособување на буџетот за поддршка на економијата и регионите и граѓаните. Целта беше јасна, потребен ни е силен буџет за закрепнување за првата година кога ќе имаме дополнителни средства од програмата за реконструкција“ – рече известувачот на ЕП, Карло Реслер.
За здравствените програми, истражувањата, борбата против климатските промени, малите и средни претпријатија и младите обезбедени се 479,1 милиони евра.
Во споредба со предлогот на ЕК од јули годинава, буџетот е зголемен за 480 милиони евра.