Европа руши ковид рекорди – мерките се заоструваат
Се зголемува бројот на жртви од Ковид 19 во Европа.
Русија има најголем број смртни случаи од почетокот на пандемијата. Во Германија, во Словачка и во Чешка со најголем број новозаразени, а Австрија ги заостри условите за влез во земјате.
За 24 часа нови 36.626 ковид-случаи во Русија, околу 3.000 се во Москва.
Во Германија нов рекорд на инфекции за дневно ниво – 52.826 заразени и 294 починати.
Во Словачка се регистрирани 8.342 нови случаи, што е најголема бројка во земјата од 5,5 милиони луѓе досега.
Чешка објави 22.479 нови случаи на коронавирус, најголем број од почетокот на пандемијата.
Австрија ги заостри правилата за влез во земјата. За влез во државата треба потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19, и тоа не постара од 180 дена. Воведоа и „заклучување“ за невакцинираните.