Д-р Митова: Излеговме од пандемијата, но влегуваме во нови предизици, социо-економски

Разговорот со докторката го водеше Марија Димишкова

„Сведоци сме на секундарна пандемија, сведоци сме на едно време со изразен предизвик. Овие две години беа потешки од претходни, се покажа дека имало дополнителен предизвик за сите од нас. Се надоврзува друга слика, воен период, има конфликти, социо-економски, се покачуваат цените, има неизвесност и несигурност. Како некој да не тестира. Излегуваме малку поотпорни и зајакнати, а сега влегуваме во една економска нестабилност. Индивидуално реагираат сите“ – вели д-р психијатар Васка Митова во најновото издание на Трилинг.

Таа истакнува дека „не може да се изолираме, можеби е подобро да се осврнеме на хуманоста, кога гледаме дека некој е понесреќен од нас. Градењето на себе си како личности не значи да бегаме од стравот“.