Во анкета спроведена од агенцијата „Фактор плус“, околу 46% од Србите сметаат дека кризата во Украина ќе трае со години, додека 64 проценти од нив се плашат дека конфликтот би можел да предизвика светска војна.
Само една четвртина од испитанците веруваат дека конфликтот во Украина ќе биде решен во наредните неколку дена.
Околу една третина од Србите веруваат дека конфликтот во источна Европа ќе се одрази и врз Србија.