Вулин: Членство на Косово во НАТО е закана за Србија

Вулин смета дека Косово не е држава, нема војска, а претставува политички проблем за најмалку четири членки на НАТО.

Александар Вулин – министерот за внатрешни работи на Србија изјави дека приемот на Косово во НАТО ќе претставува закана за Србија со вооружен конфликт.

„Да се ​​стави Косово под покровителство на воената алијанса значи поништување на резолуцијата 1244 (Совет за безбедност на ОН), укинување на Кумановскиот договор и сите гаранции дадени од ОН, но и обврзување на сите земји членки на НАТО, во согласност со членот пет од Повелбата за територијалниот интегритет, да бидат должни да ја штитат новопримената членка“ – изјави Вулин.

Тој праша дали некој се сомнева дека косовскиот премиер Албин Курти „ќе се двоуми“ да изврши напади врз Србите, „особено на северот на покраината и да предизвика конфликти и провокации се додека државата Србија не биде принудена да го одбрани својот народ“.

„Насилното воведување на Косово во НАТО пактот не е само кршење на процедурите за пристапување во НАТО и газење на резолуцијата 1244, туку и отворена закана за Србија и друга форма на притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ, а тоа го знаат и земјите кои се залагаат за членство на Приштина во НАТО“ – додаде Вулин.

Вулин смета дека Косово не е држава, нема војска, а претставува политички проблем за најмалку четири членки на НАТО.