До крај на неделата одлука – второ полугодие ќе почне он лајн или со физичко присуство?

Јетон Шаќири – министерот за образование и наука денеска изјави дека до петок ќе се знае дали второто полугодие од учебната 2021/2022 ќе започне со физичко присуство или наставата ќе се изведува он лајн.

„Јас за второто полугодие како министер како и целата Влада и кризниот штаб и комисија за заразни болести имавме прилика да се одложи за 01.02.2022 година. Во тој период го имавме мислење од комисијата за зарасни болести дека децата така ќе се заштитени. Значи не значи ако се одложи наставата дека повеќе ќе ги почитуваме препораките. До крајот на неделата ќе имаме состаноци каде ќе се има предвид и ставот на комисијата и ставот на кризниот штаб за тоа како ќе се одвива наставата. И УНИЦЕФ е да се има физичко присуство. Имаме многу мал број на заразени деца. Ќе беше лесна нашата одлука да имаше голем број на заразени како на почетокот. Сега има нова варијанта на вирусот но, не значи дека физичко присуство ќе даде покачување. Значи ако се почитуваат мерки ќе имаме квалитетен образовен процес. Ако се донесе одлука за физичко присуство ќе сме во комуникација со сите училишта за да се заштити секое дете. Знаеме дека градинките функционираат и се во добра состојба. До крај на неделата ќе се има одлука“ рече Шаќири.