Димитриевски: Македонските уметници од субвенциите ги земале трошките, а кајмакот го собираат други

Тв новинарот Антонио Димитриевски вели дека кај нас нема естрада. Естрада сме имале, но никогаш не сме имале грижа за нив, немало однос на државата кон естрадните уметници и не постоеле институции кои тој уметник ќе го сфатат и третираат, немало никаква спрега помеѓу државата и естрадата како своевидна потреба за забава на народот.

„Народот покрај леб, ако не му дадете игри, исто како да сте го пресекле на половина. Поданичкиот дух и третманот на се она што доаѓа од надвор да се третира како подобро од нашето, е само последица, а не причина“ – вели Димитриевски.

Тој потенцира дека ниту УЈП не прашува зошто некој си оди со кешот надвор, ниту царината некого запрела да провери дали има илјадници евра, ниту државата се грижи, важно да е весело. Кога се ќе помине, естрадните уметници повторно се оставени сами на себе.

Имаме Министерство за култура, а нема врата и канцеларија за естрада.

„Македонските естрадни уметници земале субвенции од државата, но тоа се само трошките, а кајмакот го земаат другите. Проблемот е и во нерегулираните односи кога секој кој држи дискотека може да повика пејач однадвор. Постои и негрижа за медиумите. Естрада нема да има ако во ударните вечерни термини имате само турски серии и дебатни емисии. Треба да ги има, но не секој ден“ – вели Димитриевски.