Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Иако официјално не е соопштено, по преброените поголем дел од гласовите е јасно дека Димитар Ковачевски – актуелниот заменик министер за економија е новиот претседател на СДСМ.

Тој денеска собра најголем дел од гласовите на партиските членови, а конкуренти му беа Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

Разликата во преброени гласови била во неколку илјади.

Гласале вкупно 44.406 членови на СДСМ.

Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев кој беше избран за претседател на СДСМ во 2013 година.

Во март годинава тој повторно беше реизбран на чело на СДСМ, но овојпат на непосредни внатрепартиски избори на кои можеше да учествува целото членство.