
Дефект во РЕК Битола – термоблокот Битола 3 исклучен
Еден од термоблоковите во РЕК Битола е исклучен од електроенергетскиот систем поради технички дефект, информираа надлежните.
Еден од термоблоковите во РЕК Битола е исклучен од електроенергетскиот систем поради технички дефект, информираа надлежните.
Станува збор за термоблокот Битола 3, кој бил исклучен вчера околу 18 часот поради скината цевка во сегмент од котелот. Од АД ЕСМ посочуваат дека веднаш се преземени активности за надминување на состојбата и обезбедување стабилност во снабдувањето со електрична енергија.
Во меѓувреме, започната е постапка за активирање на термоблокот Битола 1, кој се очекува да биде синхронизиран со електроенергетската мрежа во текот на денешниот ден.
Од комбинатот нагласуваат дека, поради поволната хидролошка состојба и намалената потрошувачка на електрична енергија, РЕК Битола и во изминатиот период функционирал со еден блок. Според нив, ваквиот режим на работа ќе продолжи и во наредниот период.
Надлежните уверуваат дека состојбата е под контрола и дека се преземаат сите неопходни мерки за непречено функционирање на електроенергетскиот систем.