
Двокатен автобус на ЈСП се запалил на Водно, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП – вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Како што вели тој, скопските пожарникари работат на негово гаснење и засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација.