Дачиќ: Отворен Балкан е во интерес на граѓаните и не треба да се гледа како на замена за ЕУ
Српскиот претседателот на Собранието – Ивица Дачиќ, изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ претставува примена на европските вредности, а тоа е слободата на движење на луѓе, труд, стоки и капитал. Дачиќ нагласи дека на оваа иницијатива не треба да се гледа како на замена за Европската Унија.
„Мислам дека таа не треба да се гледа така, очигледно ќе ни треба многу време за да стигнеме до ЕУ. Овде се работи за тоа дали ќе се однесуваме како да не ни треба блискост или отвореност на Балканот или ќе преземеме некои мерки и да ги усвоиме тие европски критериуми и вредности, без разлика дали сме формално членки на ЕУ или не“ – изјави Дачиќ.
Тој смета дека се работи за примена на европски принципи и европски вредности.
„Затоа мислам дека тоа е идеја која може да им пречи само на оние кои се против ваквите идеи за соработка, кои повеќе се за конфликти и барање некакви разлики и противречности наместо потребата од заеднички живот“ – кажа Дачиќ.