Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“ по вчерашните случувања во македонското Собрание каде пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ – Арбер Адеми вербално и физички ги нападна пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и неа вели дека Адеми под итно треба да си поднесе оставка од пратеничката функција.
„Арбер Адеми под итно според мене денеска треба да си поднесе оставка. Тој ништо добро не прави за пратеничката група на ДУИ, а е координатор“ – изјави Стојаноска.
Во однос на францускиот предлог, таа вели дека опозицијата не е вклучена во надворешните прашања, прашувајќи кој е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да преговараат во име на граѓаните, кога пред една година во Собранието донеле Резолуција во македонското собрание со консензус каде што јасни ги исцртале македонските црвени линии.
„Ќе измине една година откако Резолуцијата ја усвоивме со консензус, и зошто после тоа преговараат. Зошто да преговараме? Дали бугарскиот парламент после нивната декларација се повлече од нивната црвена линија. Или ние ќе кажеме не овој предлог не во ваква форма. Но, дајте ни да го видиме и тој предлог. Кој е Ковачевски и Османи тие да преговараат во наше име“ – рече Стојаноска.