Грчки новинар: Лажен сертификат се добива за 10 евра, казиното ви дава чип од 10 евра за коцкање

Грчкиот новинар ТВ Опен – Христос Николаидис за тв Канал 5 раскажува како првпат се посомневал за мало место во Грција во кое наеднаш почнал да се зголемува бројот на позитивни на Ковид 19. Повеќето од жителите на тоа место често оделе во Дојран и Гевгелија, во казино.

„Како и што најверојатно знаете има строго правило од грчката Влада дека не можете да влезете во Грција, не можете да ја поминете границата ако немате негативен Ковид тест, дури и да сте вакцинирани или не. Ми кажаа и дека казината сакале да ја надминат оваа пречка ги нуделе овие Ковид тестови бесплатно. Но и ми кажаа и дека не само што е бесплатно, туку и дека не мора да го направите тестирањето“ – вели Николаидис за Канал 5.

Тој озвучен и со мала видео камера, посетил едно од спорните казина.

„Јас лично отидов во казиното, ја дадов мојата лична карта на вработената, и по 45 минути таа ми даде тест со негативен резултат. Со овој сертификат успеав и да ја поминам границата. Треба да дадете 10 евра за Ковид тестот и во исто време казиното ви дава чип од 10 евра за да можете коцкате“ вели новинарот.