Грција четврт ден по ред се бори со огромен пожар во околината на Атина

Во текот на ноќта била испратена порака за евакуација до жителите на неколку населени места во западниот дел на областа Атика.

Големиот пожар кој во петокот избувна во централна Грција сè уште не е ставен под контрола.
Поволните временски услови и намалениот ветер овозможија денеска да продолжи операцијата за гаснење на пожарот од воздух по вчерашниот инцидент во кој судрија два хеликоптера ангажирани да помогнат при што загинаа двајца членови на екипажот на едно од леталата.

Во текот на ноќта била испратена порака за евакуација до жителите на неколку населени места во западниот дел на областа Атика.

Околу 500 пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија која со денови беснее во овој дел од Грција.