Гроси изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет

Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна вода и други постројки.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет.

Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна вода и други постројки.

Генералниот директор на МААЕ истакна и дека Северна Кореја веројатно располага со неколку десетици нуклеарни боеви глави.