Грета Тунберг казнета со 550 долари поради блокирање на влезот во шведскиот парламент

Шведскиот суд и нареди на климатската активистка Грета Тунберг да плати казна од 6.000 шведски круни (550 долари) затоа што одбила да ги послуша полициските наредби кога двапати го блокирала влезот на шведскиот парламент, соопшти денеска Окружниот суд во Стокхолм.

Службеник на судот потврди за Ројтерс дека активистката е прогласена за виновна, но одби да коментира за висината на казната.

Тунберг и уште четири лица организираа протест на 12 и 13 март против ефектите од климатските промени и наводната политичка неактивност пред шведскиот парламент.