
Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки
Министерството за финансии соопштува дека граѓаните можат да запишат минимум една граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари.
Граѓански обврзници од 4. емисија граѓаните можат да запишат до 1 декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјата.
Министерството за финансии соопштува дека граѓаните можат да запишат минимум една граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари.
Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6 отсто и рок на доспевање 2 години. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година. Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година.
Проспектот е објавен на 100 милиони денари. Аукцијата ќе се реализира на 3 декември.
Министерството за финансии досега има издадено три емисии граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра. Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.