Градоначалникот на Кочани ќе има средба со родителите на загинатите во „Пулс“ во врска со новогодишната програма во градот

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, ќе оствари средба со претставници на Здружението „16 март 2025 Кочани“, на која ќе се разговара за можностите за организирање настани по повод претстојните новогодишни и божиќни празници во Кочани.

Целта е преку разговор и координација да се разгледаат можностите за заеднички пристап кон одбележувањето на празничниот период, имајќи ја предвид и чувствителноста на атмосферата во градот по трагедијата што длабоко го погоди Кочани.

-Сите активности и настани околу новогодишните и божиќните празници би сакал да ги договорам со нив. Ништо нема да направам без да се консултирам со членовите на „16 Март“. Откако ќе ја реализираме средбата заеднички ќе излеземе во јавности со она што сме го договориле за празниците што претстојат, најави Грозданов.

Се очекува на средбата да бидат разменети мислења и предлози за содржини кои ќе бидат соодветни на околностите и чувствата на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ и локалната заедница.