Голем пожар во бизнис центар во Москва

Голем пожар избил во бизнис центарот „Гранд сетун плаза“ во Москва. Информациите се дека во него се уште се заробени луѓе.

Во зградата, според информациите на тамошните медиуми, се заробени околу 20 луѓе, и во тек е спасувачка акција во која досега се евакуирани повеќе од 120 луѓе.

Министерството за вонредни ситуации на Русија не соопштува детали за тоа дали има жртви и кои се причините за пожарот на првите четири ката од 10- катницата.