Гебрејсус до светските лидери: Пандемијата на коронавирусот не е ни блиску до својот крај!

Тедрос Адана Гебрејсус – првиот човек на СЗО ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронавирусот не е ни блиску до својот крај. Тој потсети дека некои европски земји бележат рекорден број на нови случаи поради сојот Омикрон. Гебрејсус на прес-конференција рече дека сојот Омикрон само минатата недела предизвикал 18 милиони нови инфекции ширум светот.

„Иако овој сој може да се покаже дека е помалку сериозен, наративот дека се работи за блага болест е погрешен. Не правете грешка, Омикрон предизвикува хоспитализации и смртни случаи, а уште потешки случаи ги поплавуваат здравствените установи“, рече тој.

Гебрејсус ги предупреди глобалните лидери дека „со неверојатниот напредок на омикрон на глобално ниво, најверојатно ќе се појават нови варијанти на вирусот, поради што следењето и евалуацијата остануваат клучни“.

„Исто така сум особено загрижен за многу земји кои имаат ниски стапки на вакцинација, бидејќи луѓето се многу повеќе изложени на ризик од сериозни болести и смрт доколку не се вакцинираат“ рече првиот човек на СЗО.