Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на денешната прес-конференцја со премиерот Зоран Заев изјави дека мотивот да влезат во власта е затоа што како политичка партија се соочиле со две опции – „или да одите на избори и да ја продлабочите кризата и да ги изгубите шансите за интегрирање на земјата, да се продлабочи енергетската криза и состојбата со пандемијата или да се одлучите да и помогнете на оваа власт и на државата“.
„Најлесно е да се критикува, најтешко е да се засукаат ракавите и да работите“ – рече Гаши.
Тој додава дека она што ги определило е и тоа што Владата првпат ќе достави службено барање до Европската комисија да пратат експерти за меѓународно истражување на судски случаи. Рече дека се сомневаат за судски одлуки и за политичко влијание.
„Тоа што ќе не смири сите нас е правда и тоа правда која ќе биде резултат од меѓународни експерти“ – рече денеска Гаши.