Заев: Имаме 64 пратеници, верувам дека ќе стигнеме до 66

„Во моментов сме 64 потврдени пратеници, верувам дека парламентарно може да достигне и 66, за тоа треба да одлучат пратениците“. Ова меѓудругото го изјави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива – Африм Гаши.

Заев нагласи дека парламентарно мнозинство е сега поголемо од пред изборите.

„Убеден сум дека со најмалку 64 пратеници ја имаме најсилната гаранција за стабилно парламентарно мнозинство, а верувам и дека може да расте. Така што, избори во 2024 година, со убави резултати во економијата, напредок и совладани поглавја за Европската Унија. Тоа е нашето очекување. Моето останување во овој дополнителен период е заради обезбедување парламентарно мнозинство и мислам дека оваа работа ја завршувам. На 12 декември мојата партија СДСМ ќе има нов претседател. Се очекува да има нова влада што ќе предложи нови министри и ќе направи нов кадровски распоред, но откако ќе биде извесно со Бугарија. Во прашање се недели“ истакна Заев.