Гаши: Идниот мандатар мора најпрво да разговара со нас

Идниот мандатар мора најпрво да разговора со нас, за државата е најдобро во новата влада да има и претставник на Албанците, а ќе направиме се да се убедиме заедно со идниот партнер да влеземе во процес на уставни измени, вели во интервју за МИА – Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива и носител на кандидатската листа на коалицијата „Вреди“ во Втората изборна единица за претстојните парламентарни избори.

Нашиот прв приоритет секако ќе биде европската интеграција, ќе направиме се да се убедиме заедно со идниот наш партнер да влеземе во процес на уставни измени. Ќе разговараме со меѓународниот фактор, ќе направиме се да влеземе во процес во кој ќе ги отпочнеме и практично поглавјата за да ги затвориме што побргу и Македонија да стане член на ЕУ. Тоа е наш прв приоритет, посочува Гаши.

Очекувањата од парламентарните избори ги темели на обединувањето во албанскиот блок, добрата програма, човечките ресурси на листите, како и тоа дека, како што вели, граѓаните веќе знаат што ги очекува ако го изберат нашиот противкандидат