Вјоса Османи: Опасно е да имаш сосед како Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека е опасно да се има сосед како Србија.

Таа додава дека НАТО и војската на Косово ги спречуваат сценаријата на српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Репортерс.

„Гордa сум на нашите односи со Хрватска. Како претседател, вклученa сум во соработка со сите хрватски институции со цел да го зближиме нашиот народ, да ги отстраниме бариерите на нашиот пат на соработка, да направиме се за доброто на нашиот народ“, рече Османи во интервју за хрватски Вечерњи лист.

Османи посочи дека го отфрлила секое сценарио за „размена на територии“ и дека оваа тема претставува отворање на „Пандорината кутија“.

Османи најави и дека наскоро ќе отпатува во официјална посета на Хрватска.