Во Белград е соборен Гинисов рекорд – се собраа најмногу жени со исто име и презиме

Во Белград е соборен Гинисовиот рекорд кој претходно беше поставен во Токио во 2022 година. Во Јапонија на едно место се собраа 178 луѓе со исто име и презиме Хироказу Танака.

Сега уште повеќе луѓе со исто име и презиме се собраа во главниот град на Србија – се работи за Милица Јовановиќ.

На собирот присуствувале дури 256 жени, а веста за соборување на рекордот на Инстаграм ја потврдил Роберт Чобан, директорот на компанијата која го организирала соборувањето на рекордот.

„Соборен е Гинисовиот рекорд! Благодарение на Милица“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Coban (@robert_coban)

Во трговскиот центар „Биг Фешн“ се собраа Милиците, а на соборувањето на рекордот присуствуваше и претставникот на Гинисовата книга на рекорди, Глен Полард, кој на организаторите им предаде сертификат со кој се потврдува новиот рекорд.