
Вучиќ: Ќе поднесам оставка, бидејќи ми сте толку одвратни што не можам да ве гледам
„Тоа што хистерично викавте и рикавте е слика и пример за вашата немоќ. Сега ќе докажам каков лажго и криминалец сте“, рече Вучиќ, одговарајќи на говорот на Бакиќ, во кој тој ја нарече СНС „политичко крило на организираниот криминал“.
Александар Вучиќ во српскиот парламент бурно реагираше на излагањето на пратеникот Јово Бакиќ за аферите на режимот што заминува од власт, нарекувајќи го „лажго“ и „криминалец“.
„Тоа што хистерично викавте и рикавте е слика и пример за вашата немоќ. Сега ќе докажам каков лажго и криминалец сте“, рече Вучиќ, одговарајќи на говорот на Бакиќ, во кој тој ја нарече СНС „политичко крило на организираниот криминал“.
Вучиќ го обвини Бакиќ дека се однесува како главен криминалец, како и дека наредувал прогон на новинари и политички противници.
„Не им се заканувајте на новинарите, туку на криминалците што ги донесовте на гласачките места“, рече Вучиќ.
Вучиќ повторно најави дека нема да го одработи целиот мандат во српскиот парламент, односно дека планира во одреден момент да поднесе оставка.
„Во одреден момент ќе ве израдувам и со поднесување на мојата оставка, бидејќи знам дека не можете да поднесете да го делите кислородот со мене“, рече Вучиќ, додавајќи дека причината за таквата одлука е тоа што „не можам да ве гледам“.
„Ми сте толку одвратни што не можам да ве гледам, бидејќи сте жива слика на мојот пораз. Да бидам искрен, вие сте сликата и причината за мојот пораз. Вие сте сликата и причината за несреќата на Србија. А бидејќи сте сликата и причината за несреќата на Србија, јас не можам да бидам среќен. И знам дека ова многу ќе ве израдува“, рече Вучиќ.