Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва најави дека ѝ претстојат тешки денови на Србија и додаде дека во наредните денови ќе го информира народот на Србија за предизвиците што претстојат.
„Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа. Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Српска“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
Тој рече дека претстојните предизвици се „најтешките досега“.