Вучиќ: Не сум сигурен дека Бугарија ќе го тргне ветото за С. Македонија

Претседателот на Србија – Александар Вучиќ денеска во Брисел изјави дека се надева, но не е сигурен, дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на С. Македонија.

„Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен“ – рече Вучиќ пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Дали за него е прифатлив процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, тој смета дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

„Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случи“ – додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека С. Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

„Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно“ – додаде тој.