Вучиќ: Нема да имаме проблем со струјата
Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска во Обреновац изјави дека земјата веќе нема да има проблеми со струјата.
Тој се надева дека во Москва успешно ќе ги заврши разговорите со Владимир Путин за увоз на гас, со што енергетската иднина на Србија би била обезбедена.
„Ние 68 отсто од електричната енергија ја добиваме од јаглен и треба да работиме на создавање нови капацитети од обновливи извори, но ќе треба да направиме и базни капацитети. Ќе видиме за што ќе одлучиме во годините што следат – дали да учествуваме во нуклеарни централи во околните земји или самите ќе можеме да ги направиме тие модуларни нуклеараки“ рече претседателот на Србија.