„Зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, енергијата и подобрувањето на здравствениот систем се клучните предизвици со кои ќе се соочи Србија во 2022 година“. Ова во интервју за „Новости“ го рече српскиот претседател – Александар Вучиќ.
Тој вели дека е загрижен за ситуацијата во регионот и „надворешните притисоци“, како и дека е „целосно мирен, среќен и задоволен“ кога е во прашање српската економија.
„Ја завршивме 2021 година со вкупен БДП од 53 милијарди евра. Кога станав премиер, БДП беше 33 милијарди евра. Се што работеа и изградија генерациите претходните децении вредеа 33 милијарди евра, а само во изминатите седум години создадовме дополнителни 20 милијарди евра“ – рече Вучиќ.