Вучиќ: Во идната влада на Србија ќе има речиси 35 отсто нови луѓе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува за два дена да се формира идната Влада на Србија и таа да ја сочинуваат околу 33 до 35 отсто од целосно нови луѓе.

„Некаде околу 33 до 35 проценти од луѓето ќе бидат целосно нови, што не сте го виделе во ниту една влада, што е неверојатна промена ако се земе предвид дека е влада на континуитет“, рече Вучиќ синоќа во обраќањето до граѓаните.

Тој додаде дека во Владата ќе има личности кои не биле на министерски позиции, а се познати од претходно, а ќе има и такви кои добро ја завршиле работата во претходниот период.