Вучиќ буквално излезе од фрижидер – српскиот претседател ја почна кампањата за нов мандат

Александар Вучиќ – актуелниот српски претседател е дел од предизборно видео кое за краток период стана вирално на социјалните мрежи во Србија, но и во регионот. Вучиќ ја започна кампањата пред парламентарните и претседателските избори во Србија, а видеото што го објави на својот официјален Инстаграм профил предизвика лавина коментари во јавноста.

Започнува со маж и бремена жена кои седат во дневна соба и гледаат телевизија, Во позадина се слуша гласот на Александар Вучиќ, па мажот вели: „Ау, еве го пак овој“.

Жената оди во кујна и коментира: „Само фали да излезе и од фрижидерот“.

Веднаш откако ја отвора вратата од фрижидерот, Вучиќ изглегува од фрижидерот и ѝ подава тегла со кисели краставички.

„Навистина излеговте од фрижидерот“ – коментира жената, а Вучиќ ѝ одговара:

„Знам, извини, но важно ми е да допрам до секој граѓанин на Србија. Останува уште многу да се направи“.

https://www.instagram.com/tv/CbI9p6RgTbK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Потоа Вучиќ коментира дека знае дека таа и нејзиниот партнер добиле субвенција за решавање на станбеното прашање.

„Ако останеме обединети, единствената граница се нашите соништа“ – е пораката на Вучиќ, по што се враќа во фрижидерот.