Врховниот лидер на Иран ги предупреди САД дека ќе добијат лекција што никогаш нема да ја заборават

Изјава што му се припишува на Хамнеи, кој не се појави во јавноста од почетокот на војната Иран-САД-Израел на 28 февруари, беше прочитана на иранската државна телевизија.

Во денешната изјава, врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, предупреди дека САД ќе добијат лекција што никогаш нема да ја заборават ако продолжат со нападите врз Иран.

Изјава што му се припишува на Хамнеи, кој не се појави во јавноста од почетокот на војната Иран-САД-Израел на 28 февруари, беше прочитана на иранската државна телевизија.

Хамнеи изјави дека потписот на американскиот претседател Доналд Трамп на меморандумот за разбирање за конечно прекинување на непријателствата, потпишан минатиот месец, е безвреден и неважечки.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, претходно денес објави дека Техеран го суспендира спроведувањето на меморандумот.

Најмалку 50 лица загинаa, а повеќе од 500 се повредени во Иран во последните американски напади по новата ескалација на тензиите во Персискиот Залив, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.