Вработените во Министерството за култура излегуваат на протест пред Министерството за финансии

Утре, (петок 24.03.2023 година) со почеток во 10 часот, пред просториите на Министерството за финансии, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70% од вработените се под просечната плата во Република Македонија, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари.

Вработените во овие три институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30%.