Во швајцарски Сент Гален „се штанцаат“ лажни Ковид потврди
Над 8.000 фалс сертификати за вакцинација биле издадени во швајцарскиот кантон Сент Гален, изјави регионален официјален претставник.
Засега истрагата се фокусира на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на Ковид-19, оти нивната работа им овозможила пристап до национален систем за сертификација за вакцинација.
Осомничените ќе платат казна или ќе се соочат со казна затвор до 5 години, додека, пак, ние кои платиле за лажни потврди за вакцинација, и тие ќе бидат санкционирани.
Околу 61% од населението во Сент Гален е вакцинирано, што еден од најслабите кантони во Швајцарија ако се знае дека просекот на државно ниво е 67 проценти.