Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње

Во Црна Гора е тридневна жалост поради масакрот во Цетиње каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот.

Согласно одлуката која црногорската влада ја донесе синоќа, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, 13, 14 и 15 август. По повод тридневната жалост знамињата ќе бидат спуштени на половина копје на сите згради на државните органи и зградите на органите на локалната самоуправа и јавните институции.

На ден на жалост нема да се одржуваат јавни, културно-забавни програми на јавни места, а музика нема да се пушта во угостителските објекти. Електронските и другите медиуми се должни да ја приспособат својата програмска содржина за да го одбележат денот на жалост.

„Поради невидениот трагичен настан, што резултираше со загуба на животи на црногорски граѓани, Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост на територијата на цела држава Црна Гора“, се наведува во образложението на одлуката.

Во населбата Медовина во Цетиње, 34-годишен маж отвори оган врз сограѓани и уби 10 лица меѓу кои и две деца, додека шестмина се ранети. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во пресметката бил убиен од сограѓанин. На трагедијата и претходела семејна расправија.

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.

По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин. Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител. Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.

На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње. Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега. Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње. Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.