Во Хрватска од 1. јануари идната година плаќање само со евра
Од 1. јануари 2023 година Хрватска го воведува еврото како платежна единица, а сегашната национална валута – куната ќе замине во историја.
Основните начела на воведувањето на еврото се заштита на потрошувачите, забрана за неоправданото зголемување на цените, непрекината примена на правните инструменти, ефикасноста и економичноста во процесот на преминување кон еврото.
Премиерот Пленковиќ, очекува граѓаните и економијата да имаат корист од влегувањето во европската монетарна унија.
Од 5. септември годинава, трговските претпријатија ќе треба да ги искажуваат цените на производите и услугите и во куни и во евра.
Хрватската монетарна власт ги утврди и правилата за замена на готовите пари во куни за готовина во евра. Оваа замена ќе се прави во банките и претставништвата на ФИНА и „Хрватска пошта“, во период од 12 месеци од воведувањето на еврото. Граѓаните ќе можат да ги заменат куните без плаќање надомест.