Албанија чека 6 милиони туристи

Албанските туроператори годинава очекуваат земјата да ја посетат над 6 милиони туристи. Летната туристичка сезона, кога туристите се најбројни, официјално почнува во кон крајот на мај и трае 5 месеци.

„Првиот чартер пристигнува на 26 мај а последниот на почетокот на ноември. Бројките се охрабрувачки, очекуваме над 20  отсто повеќе туристи споредено со минатата година. Ако лани имавме 5,6 милиони сега очекуваме над 6 милиони, што е враќање на бројката пред пандемијата, односно 2019 година, која беше најдобра туристичка година“ – оценуваат туроператорите кај нашиот западен сосед.

Сметаат дека бројките би биле уште повисоки доколку не се одвива војна во Украина, затоа што само од оваа земја, од Русија и од Белорусија очекувале над 200.000 туристи.

Цените во хотелите се за 50 отсто повисоки поради светската енергетска криза, но има раст и на цените на сите прехранбени производи, на горивата.