Во судирот на возови во Индија најмалку 288 жртви

Во вчерашната железничка несреќа во Индија, во судир на повеќе возови има најмалку 288 жртви, јавуваат локалните медиуми.

Информациите се дека еден воз излетал од шини, по што се судрил со друг на соседна пруга, а во несреќата учествувал и товарен воз, кој бил паркиран.

Ова е најсмртоносната железничка несреќа во земјата во овој век, јавуваат индиските власти. Повредени се околу 900 луѓе.

Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во областа Баласоре во источната сојузна држава Одиша и ангажирани се дополнителни 100 лекари.

Најголемата железничка несреча во Индија се случи во 1981 година, кога загинаа најмалку 800 луѓе.