Квича Кварацхелија – најдобар играч во Серија А

Ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија сосема заслужено е прогласен за најдобар играч во Серија А оваа сезона.

Кварацхелија беше вистинско откритие оваа сезона и го предводеше Наполи до Скудетото.

Серија А ги објави лауреатите за сезонава, па покрај Кварацхелија кој е избран за најдобар фудбалер, Виктор Осимен ја доби наградата за најдобар напаѓач, а Јужнокореецот Ким Мин Јае за најдобар дефанзивец.

Најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, најдобар играч за врска Николо Барела од Интер, додека за најдобар тренер очекувано беше избран Лучијано Спалети.