„Во кој било друг спорт ќе победевме“ – Гвардиола шокиран зборуваше по испаѓањето

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, е роден победник и тешко се помирува со вакви порази. Особено што, според него, „граѓаните“ не заслужија да бидат елиминирани од Реал Мадрид.

На првиот меч беше 3:3, на вториот 1:1, по 30 минути без голови следуваа пенали.

Реал по подоброто изведување на пеналите славеше со 4:3 и помина понатаму. Пеналите пропуштија за Реал – Лука Модриќ, а за Сити – Матео Ковачиќ и Бернардо Силва.

Сити во текот на сите 120 минути апсолутно доминираше од посед на топка, преку удари кон голот, па дури и во корнери.

Кога се заврши, Гвардиола накратко искоментира пред камерата.

„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме“, искрено изјави Гвардиола. Истото го кажа и играчот од средниот ред на Сити, Родри, кој рече: Искрено, играше само еден тим.

И многумина тогаш се прашуваа што можеше Гвардиола да му каже на самиот Карло Анчелоти, тренерот на Реал, за време на прегратката на крајот од натпреварот.

Италијанскиот стратег реши сам да дознае.

„Ми честиташе за победата и ни посака среќа. Тој беше џентлмен како и секогаш, исто како што е џентлменски и овој клуб“, изјави Анчелоти, отфрлајќи го секој сомнеж дека Пеп направил нешто лошо.