Во Бугарија за лебот нула проценти ДДВ
Владејачката коалиција во Бугарија денеска соопшти дека ќе се воведе нула проценти ДДВ за лебот за да се гарантира неговата сегашна цена, а пензиите ќе бидат зголемени за близу 20%.
Оттаму најавија дека планирани се повисоки даночни олеснувања за семејствата со деца и попусти на гориво, вклучително и бензин и дизел – ова се само дел од антикризниот пакет што го усвои коалицискиот совет.
Мерките се насочени кон поддршка на бугарските граѓани и бизниси во контекст на кризата предизвикана од војната во Украина.
Со над 55% од минималната пензија, која на почетокот на минатата година изнесуваше 300 лева (150 евра), а од 1 јули ќе изнесува 467 лева (235 евра).
Во однос на парното, ДДВ за парно и топла вода се очекува во рок од една година да биде 9%.