Американската Јутјубер Џени Блејлок загина во авионска несреќа на 7 декември.
Во моментот на нејзината смрт таа била во авионот со нејзиниот татко, кој исто така починал.
Инаку, Блејлок и стана позната на јавноста токму како страствен летач со авиони. Таа имаше 16.000 претплатници на нејзиниот канал на YouTube.
Само пет дена пред смртта таа на својот Инстаграм профил објави дека за неколку дена ќе лета да се „трансформира“. Таа имаше 45 години.
Инаку, официјални лица соопштија дека авионот се урнал половина час пред планираното слетување. Се урна во изолиран дел на државата Тенеси и се запали. Телата се пронајдени надвор од авионот.